За неговиот потпис се бореа Челси и Милан, а сега му носат замена во неговиот тим!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Торино успеа да пронајде фудбалер кој ќе му биде резерва на Белоти оваа сезона.

Андреа Белоти е често повреден поради што Торино тргна во потрага за напаѓач кој би можел да го замени.

Тоа можеше да биде Стефано Окака, но тоа нема да се случи, затоа што Каиро изјави дека тој фудбалер не бил за нив.

Изборот паднал на Борини.

Фудбалерот на Милан би можел да му помогне на тимот на Торино, а има опција да игра и на крилна позиција. Борини и понатаму е на позајмица од Сандерленд, а договорена е откупна сума со Милан од 6 милиони евра, па Торино само во случај да ја плати таа сума, ќе може да го донесе 26-годишниот фудбалер.