Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не постои ниту еден фудбалер кој поминал во Реал барем полусезона, а да не се збогати и да не замине како милионер, но се чини дека има и фудбалери кои играњето во Реал им е повредно од парите кои би ги заработиле таму.
Напаѓот на Краснодар, Федор Смолов е наводно еден од фудбалерите кои се наоѓаат на листата на желбите на мадридскиот клуб. Овој руски репрезентативец постигна 10 голови во оваа сезона во тамошната Премиер лига, а тврди дека кралскиот клуб го прати уште од јуниорските денови.
„На нивната листа сум откако почнав да играм во јуниори и сеуште ме пратат, во текот на целата кариера. Така работи Реал, те имаат на око и доколку сакаат, можат да те доведат. Кога би постоела можност да заиграм за Реал, би отишол без размислување, а би играл и бесплатно. Би потпишал договор, а клубот нема да мора да ми плати ништо “, изјави рускиот репрезентативец за Спорт Експрес, кој знае поради што тојде пак во центарот на вниманието.
„После двата гола што ги постигнав против Шпанија во пријателскиот натпревар, повторно се разбуди итнересот за мене. Ќе видиме што ќе се случи на крајот“.
Дури и селекторот на Шпанија после натпреварот изјави дека Смолов е врвен напаѓач кој долго време го прати, а заинтересирани се за него и скаути на Вест Хем, па тимот од Англија планира да прати понуда во Јануари.
Федор Смилов во текот на кариерата настапил за неколку руски клубови, како што се Сатурн, Динамо, Анжи, Урал и Краснодар, а кратко беше член и на холандски Феенорд. За репрезентацијата има одиграно 28 натпревари, постигнувајќи 11 голови.