За Фелаини 30 милиони евра во Кина: Јунајтед обештетен со 11,5…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот играч за врска, Маруан Фелаини го напушти Манчестер Јунајтед и отпатува во Кина каде би требало да го заврши трансферот во Шангонг Луненг. Фелаини начелно договори тригодишна соработка со Шангонг вреден околу 10 милиони евра по сезона, додека на клубот од „Олд Трафорд“ ќе му припаднат 11,5 милиони евра за обештета.

Високиот 31-годишен фудбалер нема значајна улога кај новиот менаџер, Оле Гунар Солскјер, одигра само 31 минути од декември, па заминувањето би била реална опција.

Фелаини пет и пол години беше член на Манчестер Јунајтед, уште од пристигнувањето од Евертон за 32 милиони евра.

Во тој период англискиот великан ја освои само Лига Европа, ФА Купот, Лига Купот и Комјунити Шилд.