Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот тренер од Чешка, Зденек Земан по кратка пауза повторно би требало да се врати на тренерската сцена.
Италијанските медиуми пренесоа дека поранешниот тренер на Рома се наоѓа на мета на Пескара, односно дека тој ќе потпише договор со тимот до крајот на годината.
Пескара оваа сезона во Серија А игра очајно, па моментално е на дното на табелата во најсилниот ранг на италијанскиот фудбал.
Пескара беше поразена од Торино со 5:3 по што Масимо Одо доби отказ.
По 24 одиграни кола тие се на последното место со само 9 освоени бодови, а една победа добија поради административна грешка на Сасуоло.
Наводно, Земан ќе има состанок со управата каде што треба да ги договори сите услови.
Земан пред неколку години ја однесе Пескара во Серија А, а тогаш во тимот ги имаше Верати, Имобиле и Инсиње.