„Златан ќе остане со нас и наредната година!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Тренерот на Јунајтед зборуваше на конференцијата за Ибра.

Тој игра неверојатно оваа сезона и најверојатно е најдобар играч на Јунајтед во моментов, иако има 35 години.

Мурињо изјави дека тој ќе остане во Манчестер, иако договорот му завршува на крајот на сезоната.

„Тој ќе остане со нас затоа што почетниот договор беше да дојде на една сезона, а на нас е дали ќе го оставиме и наредната година. Па гледам дека има одлична сезона и тој ќе остане и во наредната сезона во нашиот тим.“

Да потсетиме, Златан оваа сезона одигра 38 натпревари во дресот на Јунајтед и постигна 26 голови со 7 асистенции.

Во Јунајтед дојде откако му заврши договорот со ПСЖ.