Знак дека се сели во Мадрид? Деле Али со договор кој ќе му го промени животот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од ресниот ред на Тотенхем, Деле Али од денес е нов член на агенцијата „CAA Sports“ една од најдобрите менаџерски агенции во светот.

Младиот фудбалер сега е член на елитната агенција која ги застапува и Кристијано Роналдо, Хамес Родригез, Жозе Мурињо…

Доаѓањето во оваа агенција отвори нови шпекулации за можното заминување на 21 годишниот фудбалер од „Вајт Харт Лејн“. Али веќе подолг период се поврзува со Реал Мадрид и сигурно дека следното лето ваков трансфер ќе е можен.

Наводно „Кралевите“ се подготвени да издвојат 100 милиони фунти за услугите на англискиот репрезентативец.