Зошто Руни „дивеел“ на аеродром? Помешал алкохол со таблети…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англискиот фудбалер Вејјн Руни е приведен кон крајот на минатата година поради неред на јавно место под дејство на алкохол.

Рони 16. декември направил скандал на аеродромот во Вашингтон, а потоа бил приведен. На лице место му била напишана симболична казна од 25 долари, а подоцна морал да плати уште 91 долар.

Портпаролот на поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед проба да ја објасни ситуацијата што доведе до апсење.

„Вејн Руни е уапсен и задржан на аеродромот после долгиот лет од Саудиска Арабија, каде беше на службено патување. Тој во текот на денот зелам препишани лекови за спиење, но ги помешал со алкохол па поради тоа бил дезиорентиран по доаѓањето. Полицијата му пришла и го уапсила поради помали прекршоци“, изјави ПР – от на Руни, а притоа додаде:

„Вејн Руни изразува благодарност поради начинот на кој го третирале. Околу овој случај нема да даваме повеќе коментари.“.

Засега најголем скандал на Руни датира од септември 2017. година кога призна дека возел под дејство на алкохол откако беше фатен како вози три пати повеќе од дозволената брзина. Тогаш му беше одземена возачката на 2 годни и беше осуден на општо-корисна работа.