Ибрахимовиќ бојкотираше натпрвар на Галакси: Срамота е да се игра овде


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Швеѓанецот одби да истрча на теренот на  Century Link Field во Сиетл и да и помогне на својата екипа во средба која на крајот се претвори во права катастрофа, а сега е познато и зошто Ибра донел таква одлука.

Имено, самиот Ибрахимовиќ истакна дека не сака да игра на вештачката трава во Сиетл.

„Не можете овде да играте, единствено што ќе гледате е да не се повредите, тука не смее да се игра фудбал. Срамота е да се игра овде . Еднаш играв на ваква подлога во Портланд десет минути, тоа ми беше најлошо искуство“, истакна Ибра.

Инаку, искусниот Швеѓанец ја прескокна оваа средба.