Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ е како скапо вино, со годините станува се подобар и подобар.
Тој со гол за водство на ЈУнајтед стигна до личен јубилеј.
Тој стигна до бројката од 250 голови кои ги постигна откако наполни 30 години.
До 250 голови стигна во 308 натпревари колку што одигра од 2011 година, кога го прослави 30-от роденден.
Оваа статистика ако ја земеме во предвид тогаш може да заклучиме дека тој е поефикасен по 30-та година.
Тој до 30-та година во 528 натпревари постигна 232 голови. Од тогаш му се приклучи на Јунајтед, неверојатниот Ибра постигна 17 голови во лигата, а тоа е најмногу за еден играч на Јунајтед од сезоната 2013/14.
„Тој игра фантастично, дури и кога не постигнува голови, тој е многу важен за нас. Го донесовме поради многу работи, не само поради головите.“