„Ибрахимовиќ е повеќе од играч, ненадоместлива загуба за ПСЖ“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер во изјава пред мечот со ПСЖ рече дека францускиот шампион не е иста екипа без Златан Ибрахимовиќ.

„ПСЖ е одличен тим и знам дека ќе продолжи да биде доминантен во Франција. Но, со со заминувањето на Ибрахимовиќ го загубија не само најдобриот играч, веќе многу повеќе од тоа“, започна Венгер, и додаде:

„Тој беше лидер, капитен и икона на ПСЖ и заслужен е за нејверојатниот прогрес на овој клуб во Европа. Времето ќе покаже дали заминувањето на Ибрахимовиќ е ненадоместлива загуба за ПСЖ“.

ПСЖ и Арсенал денеска го играат мечот од 1 коло од групната фаза на ЛШ кој е окарактеризиран како еден од дерби мечевите.