Ибра во една сосема нова улога?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ може да добие нова улога на Олд Трафорд.

Жозе Мурињо го доведе Ибрахимовиќ во минатото лето како слободен играч и не погреши.

Златан е прв стрелец на клубот и благодарение на него постојат какви-такви шанси за Јунајтед, колку да звучи нереално, да бидат шампиони на крајот на сезоната.

Ибра има година дена  договор со Јунајтед со дополнителна година, а кога веќе има 35 години, се ближи и крајот на неговата играчка кариера.

Покрај тоа, во Јунајтед размислуваат да му понудат место во стручниот штаб заедно со Жозе Мурињо во догледно време и да посвети во работата со млади играчи.

Веројатно Златан ќе има желба за како тренер да работи после играчката кариера, но сеуште е прерано за тоа да зборуваме.

Ќе игра сигурно уште најмалку две години.