„Ибра ги одби Кинезите, ќе потпише нов договор“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Многумина се сомневаа во можностите на Златан Ибрахимовиќ, но тој покажа дека може да игра во највисоко ниво и во Премиер лигата.

Фантастичниот Златан Ибрахимовиќ продолжи да ги решети мрежите и во Премиер лигата. Откако стигна во Манчестер Јунајтед постигна 16 голови на 25 натпревари, а доби и многу пофалби од страна на Жозе Мурињо, тренерот на Ѓаволите.

Иако доби многу критики, посебно на почетокот на сезоната, Мино Раиола не уверува дека од самиот старт верува во него и дека знаеше дека ќе дојде негово време кога ќе почне да ги тресе мрежите на противниците.

„Отсекогаш една од нашите цели е да покажеме што знаеме. Златан го уби секој кој имаше сомнеж во него“, рече Раиола, а потоа додаде дека Ибра најверојатно ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.

„Да, постои шанса да ја продолжи соработката на уште една година и тоа голема. Веќе го внесовме тоа во договорот и тоа не е ништо ново за нас. Прашање на време“, рече Раиола.

Подоцна во интервју за Талкспорт потвррди дека Ибрахимовиќ имаше понуда од Кина, но и дека не сакаше да замине поради тоа што има уште желба за натпреварување.

„Да се во прашање парите веќе сега немаше да го гледате во Манчестер Јунајтед“, рече Мино Раиола.

Манчестер својот нареден натпревар ќе го игра против Сандерленд на Боксинг деј, шанса да се продолжи низата на победи.