Играчите на Атлетико стојат еден покрај друг, а каде е Гризман? Французинот со својот гест го воодушеви светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа го поразија на домашен терен Монако со 2:0 во рамките на Лигата на шампионите.

Во центар на вниманието пред самиот почеток на средбата беше Гризман и тоа после еден убав гест кон едно момче со кое излезе на терен.

Тој паузата за химната на Лигата на шампиони ја искористи да му ги врзи врвките на споменатото момче и на тој начин ги воодушеви бројните навивачи кои ова видео го споделуваат на социјалните мрежи.

Првата ѕвезда на Атлетико Мадрид на овој начин покажа дека и тој е обичен смртник и дека покрај големите милиони останува цврсто на земја.