„Играчите на Лестер се како мртовци!“


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Селекторот на репрезентацијата на Велс, Крис Колмен на интересен начин ги коментираше игрите на Лестер оваа сезона.

Лестер минатата година го шокираа цел свет. Тимот на Раниери ја освои првата титула во историјата на клубот, но оваа сезона им претстои тешка борба за опстанок.

Крис даде интересна изјава за ситуацијата која се случува во Лестер.

„Жал ми е за Лестер. Им недостига самодоверба и на теренот изгледаат како мртовци. Едноставно ја изгубија самодовербата која ја имаа минатата година.“

„Се што ги направи шампиони минатата сезона, мора да излезе на површина сега ако сакаат да останат во лигата.“

Моментално Лестер е на 17-то место со 21 бод, 1 повеќе од Хал кој е заедно со Кристал Палас и Сандерленд во зоната за испаѓање.“