Играчи кои немаат потреба да се грижат за ништо: 10 нови фудбалски ѕвезди кои имаат светла иднина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ви ги претставуваме 10-те нови фудбалски ѕвезди кои ќе доминираат во иднина.

Сеуште немаат наполнето 18 години и немаат ниту возачка дозвола, но некои од нив се најважните играчи во своите тимови.

Станува збор за играчи родени на крајот на 20-ти и почеток на 21-ви век, чии имиња би требало да бидат запаметени, бидејќи би можеле да доминираат во следната деценија.

Џанлуиџи Донарума(17 години, Милан)

Неверојатниот голман на Милан е најпознат претставник на новата фудбалска генерација. Донарума досега дури 45 пати бранеше за Милан, иако има само 17 години, а стана и втор голман на репрезентацијата на Италија, веднаш зад својот идол Џанлуиџи Буфон.

https://youtu.be/vH68Q-xAaLA

Рајан Сесегнон(16 години, Фулам)

Левиот бек од Фулам веќе го нарекуваат новиот Бејл. Оваа сезона тој одигра 8 натпревари за својот тим и постигна 2 голови, а моментално настапува за репрезентацијата на Англија до 17 години.

Маланг Сар(17 години, Ница)

Францускиот дефанзивец одигра 16 натпревари за Ница која води во првенството. Сар постигна и еден гол, а игра и за репрезентацијата на Франција до 18 години.

https://youtu.be/0wYTz1P7NiU

Винсент Тил(17 години, Мец)

Талентираниот играч за врска игра за Мец и доаѓа од Луксембург. Тој веќе одигра 7 натпревари за репрезентацијата, а го сакаат Реал Мадрид и Баерн Минхен.

https://youtu.be/tSeiJ9OxXZ0

Брахим Абделкадер Диаз(17 години, Манчестер Сити)

Играчот за врска стигна во 2013-та година во Сити од Малага, а во есен потпиша 3-годишен договор со Манчестер. Сеуште нема дебитирано кај Гвардиола додека за Шпанија до 17 години одигра 8 натпревари и постигна 3 голови.

https://youtu.be/MmIlT9UiCks

Езекуел Барко(17 години, Индепендиенте)

Иако е играч за врска, Барселона ја споредуваат со Серхио Агуеро.  Аргентинецот досега одигра 11 натпревари за Индепендиенте и постигна еде гол. Станува збор за еден од најголемите таленти на аргентинскиот фудбал.

Алехандро Позо(17 години, Севиља)

Бисерот на Севиља е играч од кој се очекува многу во иднина. Го споредуваат со Навас, а Позо сеуште го чека дебито во првиот тим на Севиља.

Моис Кин(16 години, Јувентус)

Новиот Балотели е член на Јувентус и дебитираше оваа сезона за шампионот на Италија. Во младите категории постигна 34 голови на 50 натпревари, а за репрезентацијата на Италија до 17 години постигна 5 голови во 12 натпревари.

https://youtu.be/jRS76JzdRDY

Бенџамин Бен Вудбурн(17 години, Ливерпул)

Ливерпул има нов Мајкл Овен. Напаѓачот од Честер неодамна дебитираше за Ливерпул против Лидс во ¼-финалето на Лига купот. Влезе во игра во 67-та минута, а успеа да постигне гол во 81-та минута, со што стана најмлад стрелец во историјата на Ливерпул.

https://youtu.be/fbqxNz-g_eQ

Александер Исак(17 години, АИК Солна)

Младиот репрезентативец на Шведска во 25 натпревари постигна 17 голови за АИК, а оваа сезона постигна 10 голови во 24 настапи. Неговите игри ги следи Реал Мадрид, а Исак во неговата земја го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ.

https://youtu.be/Y8YY9tELc1U