Играчот за врска на Интер ќе паузира поради срцеви проблеми


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Асан Гнукури нема да може да биде на теренот во наредните три месеци.

Асан Гнукури, фудбалер на Интер кој настапува на позајмица во Удинезе, ќе мора да ги пропушти наредните три месеци после што му се дијагностицирани срцеви проблеми.

Клубот од Удине на својот официјален сајт објави дека во последните денови се извршени детални прегледи на овој фудбалер, после што е утврдено дека играчот за врска на БСК не го исполнува минималниот услов за професионален спортист.

Гнукури поради се ќе мора да одмора во наредните три месеци, а кога проблемите ќе бидат отстранети ќе биде подлегнат на нови анализи после што ќе биде одлучено дали ќе се врати на терен или не.

Инаку, 20-годишниот фудбалер настапува во Италија од 2013 година, кога како дете стигна од Африка, а познат е и по тоа што дебитираше како тинејџер со 18 години во миланското дерби кај тогашниот  тренер Роберто Манчини.