Играч кој е одговор на прашањето кој е поголем – Реал или Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид се смета за најголемо дерби во светот кое го гледаат милиони луѓе.

Барселона и Реал спаѓаат во најбогатите клубови, а медиумите од 2014 година ги рангира за 2 највредни тимови во светот. Кога ќе се земат во предвид парите, односно политичките и културните разлики меѓу тие 2 гиганти, јасно е од каде доаѓа ривалството.

За тоа колку големи ривали се зборуваат и трансферите на играчите кои преминуваа од еден во друг клуб. Се знае за Луис Фиго кој од легенда на Барселона стана најнепосакуваниот човек во Каталонија. Тој од Барселона замина во Реал и навивачите беа разочарани од неговиот потег.

Вкупно 39 фудбалери ги носеа дресовите на двата клубови. Многу од нив не дојдоа директно од Барселона во Реал, туку играа прво за Барселона, па заминаа во друг клуб и на крајот дојдоа во Реал.

Кога ќе ги прашате навивачите за тоа дали Барселона или Реал е поголем тим, секој ќе најде причина зошто неговиот клуб е подобар. Меѓутоа, ако се земе предвид преминувањето на играчите од еден клуб во друг, тогаш се е јасно.

Во историјата многу играчи го напуштија тимот на Барселона и преминаа во реал, а само еден го направи спротивното. Ова е приказна за него.

Роден е на 8 мај 1970 година во Шпанија. Професионалната кариера ја започна во 1988 година во Спортинг. Играше десно крило, но поради својата способност да игра секаде Реал го донесе во нивниот тим. Во 1991 година тој заигра во тимот и во наредните 5 години одигра 157 натпревари и постигна 15 голови.

Во сезоната 1996/97 го направи тоа што и ден денес се смета за единствен случај во историјата на Примера, поточно го напушти Реал и дојде во Барселона. Таму одигра 8 сезони и постигна 73 голови, а на крајот таму и се пензионираше.

Тој два пати беше шампион на Шпанија, а по еднаш ги освои шпанскиот куп и Суперкуп, односно УЕФА куповите и Суперкупот на Европа.

По кариерата како играч, тој влезе во тренерските води. Прво го водеше Б тимот на Барселона, а потоа премина во Рома, а по неуспешната сезона во Италија се врати во Шпанија каде што ја водеше Селта. Таму покажа дека има талент и наскоро доби шанса да ја води Барселона.

19-ти мај 2014 година Барселона соопшти дека Енрике е нивни тренер. Водството на клубот набрзо виде дека Луис Енрике е полн погодок бидејќи во својата дебитантска сезона освои 5 трофеи. Во првите 100 натпревари го сруши рекордот на Гвардиола по број на победи, а тој и понатаму успешно ја води Барселона, која  е во трка за сите трофеи.

Како и да е, тој играше и го води својот тим од соништата, а патем и освојува трофеи. И остана еден и единствен во историјата на Примера кој премина од Реал во Барселона. Се додека не го повтори тоа што го направи Луис Енрике.