Играч на Манчестер Сити се сели во Реал Мадрид, со свој коментар се јави и Пеп Гвардиола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Брахим Дијаз би требало да се пресели во редовите на Реал Мадрид како слободен агент кога неговиот договор ќе истече следното лето.

19 годишниот фудбалер наводно бил разочаран што не добива многу шанса од Гвардиола, па се решил да си замине во актуелниот европски шампион.

Со свој коментар се јави и тренерот на Манчестер Сити,Пеп Гвардиола кој истакна дека сакаат Дијаз да остане, но дека тоа зависи само од него.

-Сакаме да остане и да го продолжи договорот. Ќе сториме апсолутно се за тој да остане овде, но се е во негови раце. Тој треба да одлучи. Мојот совет до него е доколку не сака да остане овде, да не биде присилен од ништо и да си замине. Го штитиме исто како што го штитевме Санчо и Фоден, но тој ќе си одлучи сам- коментираше Гвардиола.