Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Некогашниот француски напаѓач Кристоф Дугари не ја памети по добро епизодата во Барселона.
Дугари во каталонскиот тим стигна во 1997 година од Милан, меѓутоа под водство на Луј Ван Гал не успеа да се докаже и во дресот на Барселона одигра само седум натпревари.
После шест месеци следеше трансфер.
„Се преправав дека плачам со цел да ме пуштат да одам во друг клуб. Не можев повеќе да издржам, тоа за мене беа најлошите шест месеци во животот. Вистински пекол“, изјави Дугари, и додаде дека имал проблем и со Ван Гал.
„Во моето време Барселона ја водеше Ван Гал и секогаш ме критикуваше. Ми зборуваше дека сум изгубил топка во 23, 48 и 53 минута и ми бараше објаснување“.
Французинот после епизодата во Барселона играше за Марсеј, Бордо, Бирминген и катарски Ал Рајан каде што ја заврши кариерата.