Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди смета дека Гонзало Игуаин вреди 90 милиони евра.
Игуаин од Наполи во Јувентус премина за 90 милиони евра и Икарди, кој игра за Интер, верува дека Старата дама не погреши:
„Игуаин вреди 90 милиони евра после 36 гола во Серија А. Што се однесува до мене, мојата цена ја одредува мојот клуб и јас сум среќен во Интер, секогаш давам се од себе за својот тим“, рече Икарди, кој не сака да го споредуваат со Роналдо, кој го носеше дресот на Нероаѕурите во минатото:
„Роналдо? Нема споредба, тој е најдобар напаѓач кој некогаш бил во фудбалот“.
„Би било убаво да подигнам трофеј со Интер. Сакам да ја освојам лигата со екипата. Сакам да дадам придонес во остварувањето на целите“, смета Икарди.