Игуаин ги постигна првите голови за Челси, „Сините“ од Лондон со петарда за Хадерсфилд (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Челси славеше очекувано лесна и убедлива победа против Хадерсфилд со 5:0, а на натпреварот се истакна новото засилување Гонзало Игуаин кој ги постигна првите два гола во синиот дрес.

Аргентинецот го отвори резултатот во 16. минута, а пред самиот крај на првиот дел на 2:0 зголеми Еден Азар од пенал.

Во второто полувреме Челси постигна уште три погодоци. Еден Азар во 66. минута зголеми на 3:0, а само три минути подоцна резултатот беше 4:0 откако Игуаин на одличен начин ја затресе мрежата на последно пласираниот тим во Премиер лигата. Конечниот резултат го постави Давид Луиз во 86. минута.

Евертон претрпе шок на свој терен откако беше поразен од Вулверхемптон со 3:1, додека Кристал Палас со 2:0 славеше во дербито на дното против Фулам. Барнли и Саутемптон ги поделија бодовите (1:1).