Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Стоперот на Рома, Костас Манолас за официјалната страна на клубот одговори неколку прашања.
Најинтересно беше прашањето за тоа кој му бил најтежок противник.
„Тоа е Игуаин, за жал. Тој постигна одличен гол со лева нога против нас кога изгубивме на нивни терен. Ние оваа сезона успеавме да задржиме одлични напаѓачи, но тој ни направи немир во дефанзивната линија.“
Тој исто така зборуваше и за најдобриот натпревар оваа сезона, а тоа бил против Лацио.
„Мој најдобар натпревар? Против Лацио. Не примивме гол во тој натпревар. Го чував Имобиле затоа што е многу добар фудбалер.“
Тоа што беше интересно е и прашањето за најдобар фудбалер на Рома оваа сезона.
„Счезни имаше неколку одличлни одбрани. Тој има одличен карактер, тој е вистински професионалец.“
За најдобра игра на соиграчите ја избра играта на Наинголан против Лацио, но и Федерико против Наполи.
Грчкиот стопер оваа сезона одигра 16 натпревари во Серија А. Не беше стрелец, но имаше 1 асистенција.