Игуаин не размислува за заминување од Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гонзало Игуаин инсистира дека во овој момент не размислува за заминување од редовите на Милан.

Аргентинскиот напаѓач во моментов е на позајмица на „Сан Сиро“ од редовите на Јувентус и веќе се поврзува со враќање во „Старата дама“ со евентуалното доаѓање на Златан Ибрахимовиќ во Милан.

Сепак, поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Наполи истакна дека во моментов размислува само за Милан и не планира да замина од клубот.

-Тренерот кажа дека јас никогаш не сум побарал да заминам од клубот, и тоа јасно говори за моите намери. Во моментов само Милан ми е во мислите и не се сметам како прва ѕвезда на овој тим- коментираше Игуаин.