Игуаин: Јувентус ќе се бори до смрт за Скудетото!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин со гол во 89. минута го реши дербито во 35. коло во првенството на Италија против Интер.

„Старата дама“ од 18. минута имаше играч повеќе на теренот поради бруталниот старт на Матијас Весино над Марио Манџукиќ.

„Тоа е фудбалот. Во минатиот меч изгубивме со гол во последната минута и сега сакавме победа. Јувентус до смрт ќе се бори за Скудетото“, вели Игуаин.