Иднината на Тевез сега е и потврдена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на кинескиот клуб Шангај Шенхуа Густаов Појет истакна дека Карлос Тевез на чекор од доаѓање во неговиот тим.

Тевез очигледно ја прифати богатата понуда од Кина и неодамна играше на последниот меч за Бока Јуниорс.

„Сеуште чекам дозвола да разговарам со Карлос за тоа што следи. Не сакам да бидам нефер кон луѓето. Се чини дека се е завршено и дека недостасуваат само поедини детали со цел да биде објавен трансферот“, рече Појет.

Шангај веќе го доведе Оскар од Челси, а се шпекулира дека го сакаат и Анхел Ди Марија, но во клубот ја отфрлија таа можност.