Изборот на Лукаку за играч на сезоната во Јунајтед изненади многумина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот напаѓач Ромелу Лукако не игра баш најдобро оваа сезона, но Солскер верува дека тој брзо ќе се врати во форма.

Откако Мурињо доби отказ, Лукаку голем дел од натпреварите ги гледаше од клупата за резерви, но во последно време Солскер му дава се повеќе шанса за игра. Тој е сигурен дека Белгиецот ќе ја пронајде свјата форма и ќе покаже зошто Јунајтед вложи толку пари во него.

Лукаку овие денови се наоѓа во центарот на вниманието во англиската јавност, но не поради своите игри туку поради изборот кој тој го направи.

Играчите на Јунајтед ги номинираат своите соиграчи за најдобар играч на Црвените Ѓаволи, а изборот на Лукаку изненади многумина.

Тој за оваа награда го именуваше Лук Шо и порача дека овој лев бек едноставно тоа го заслужува.

„Шо за мене е играч на сезоната без никакви дилеми. Одлично игра од почетокот и стандарден е, а треба да се сетите дека се врати после тешка повреда поради која може да се случи да останете надвор од терените цела сезона. Тоа за мене е фасцинантно и верувам дека ја заслужува оваа награда“, изјави Лукаку.