Извлечени групите од Лигата на Шампионите


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денес во просториите на УЕФА во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Шампионите.

Првото коло на програмата е на 12 и 13 септември, а подоцна ќе бидат одредени и официјалните парови и распоредот на играње.

Од она што може да се види групата Ц во која се наоѓаат Челси, Атлетико Мадрид и Рома ќе донесе доста возбудувања, а интересна ќе биде и групата Х каде се актуелниот шампион Реал Мадрид, како и Борусија Дортмунд, Тотенхем и Апоел.

Доста лесна група доби Манчестер Јунајтед кој повторно се враќа во најелитното натпреварување.

 

Група А:Бенфика,  Манчестер Јунајтед,  Базел, ЦСКА Москва

Група Б: Баерн Минхен, ПСЖ, Андерлехт, Селтик

Група Ц: Челси, Атлетико Мадрид, Рома, Карабах

Група Д: Јувентус,  Барселона, Олимпијакос, Спортинг Лисабон

Група Е: Спартак Москва, Севилја, Ливерпул, Марибор,

Група Ф: Шахтјор, Манчестер Сити, Наполи, Феенорд

Група Г: Монако, Порто, Бешикташ,РБ Лајпциг

Група Х: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд,  Тотенхем, АПОЕЛ