“Изненади сме од однесувањето на Лам“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од челниците на Баерн Карл Хајнц Румениге не е баш воодушевен од одлуката на Филип Лам да се пензионира после оваа сезона.

33-годишниот рече дека формата му падна и дека телото повеќе не може да издржи врвен фудбал.

„Баерн е многу изненаден како Лам и неговиот агент се однесуваа во оваа ситуација. Претпоставувавме дека имаме договор со Филип и неговиот агент за заедно да го објавиме ова. Тој е многу важен играч за Баерн, за историјата на овој клуб и некој за пример“, рече Румениге.

Тој потврди и тоа дека се преговара со Лам околу потенцијалната позиција на спортски директор, но проблем е во тоа што тој има играчки договор до 2018 година.