Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Малку кој на ваков пресврт можеше да се надева.
Познато е дека Еден Азар е голема желба на Зинедин Зидан, но Челси нема намера да го продаде, и извесно е дека Белгиецот ќе остане на Стенфорд Бриџ.
Поради тоа Реал се сврти на нови мети, а наводно сега на радарот на клубот е играчот за врска на Ливерпул Џини Вајналдум.
Холанѓанецот стигна на Енфилд минатото лето од Њукасл, се покажа како добро засилувања, а постигна и неколку многу важни голови за Редсите.
Во Реал наводно гледаат голем потенцијал во него, а веќе и се сретнаа со неговите претставници, како што пренесува Тутомеркато сакаат да побрзаат и што побрзо да ја завршат зделката.
Поранешниот играч на ПСВ во дресот на Ливерпул во оваа сезона запиша пет голови и осум асистенции, а предност за Реал е тоа што и Вајналдум чини далеку помалку од Азар, па и од Паоло Дибала, кои Реал исто така сакаше да ги ангажира во ова лето.
Ова секако би било голем удар за Ливерпул, репрезентативецот на Холандија стана важен шраф во четата на Јирген Клоп, а разви и многу добар однос со германскиот тренер.
Под договор со Редсите е до 2021 година, платен е 25 милиони фунти, и јасно дека Реал ќе мора да понуди значително повеќе од тоа ако навистина сака да го ангажира.