„Икарди мора да игра за Аргентина“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Потпретседателот на Интер Хавиер Занети смета дека Мауро Икарди заслужува да игра за репрезентацијата на Аргентина.

Икарди за својата земја запиша само еден настап, а во повеќе наврати го отпишуваше селекторот Едуардо Бауза.

Напаѓачот на Интер го следи лоша историја и конфликт со сонародникот Макси Лопез, од кого ја украде девојката.

Наводно поради тоа Лео Меси не сака Икарди да биде во репрезентацијатана Аргентина, но тие информации наводно не се потврдени:

„Мауро е голем професионалец и многу созреа во Интер. Тој е наш капитен и има големо почитување. Мислам дека ќе добие повик во репрезентацијата, пред него е голема иднина“, рече Занети, па додаде:

„Тој знае што треба да направи на теренот за да добие повик. Секој е на чекање, а јас не се сомневам дека пред или подоцна ќе дојде тој ден кога ќе заигра за националниот тим. Се надевам дека ќе биде на наредното СП“.