Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Фудбалерите на Интер забележаа победа вчера против екипата на СПАЛ на гости со 2-1 во рамките на Серија А.
Двата погодоци за тимот на Интер ги постигна Мауро Икарди. Тој после мечот порача дека и тој и неговите соиграчи морале да дадат се од себе со цел да слават на ова гостување.
„Постигнав два важни голови кои на мојот тим им донесоа три бода. Се мачевме овде минатата сезона и знаевме дека мораме да бидеме подобри овој пат. Важно е дека остваривме резултат кој го сакавме и се боревме многу за дојдеме до победа“, рече Икарди.
Аргентинецот после мал пад во формата повторно се врати и на последните пет натпревари има постигнато исто толку голови.