Икарди се огласи на „Инстаграм“ и откри дали останува во Интер (Фото)

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди конечно се огласи на својот „Инстаграм“ профил објавувајќи подолго писмо со кое потврди дека планира да остане во клубот.

Аргентинскиот фудбалер некое време е во немилост на раководството на Интер, а поради тоа и тренерот Лучијано Спалети не смета на неговите услуги.

Рака на срце, и Икарди допринесе овој проблем да еруптира уште повеќе со тоа што бараше нереални примања од управата на „Нероазурите“. Токму поради ова Аргентинецот, но и неговата сопруга и агент, Ванда Нара секојдневно беа „напаѓани“ во медиумите.

„Во најтешките моменти се појавува вистинската љубов. Во тој момент одлучив да останам во Интер и со Интер“ –напиша меѓу другото Мауро Икарди.

Најдобриот стрелец на Интер остана и без капитенската лента, а по најновиот развој на настаните ќе видиме дали ќе ја добие назад на својата рака.

? #MI9

A post shared by Mauro Icardi – MI9 (@mauroicardi) on