Икарди се огласи по синоќешниот натпревар на Интер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарти одлучи да се огласи после синоќешната победа на неговиот Интер против Рапид од Виена.

Аргентинецот е повторно во центарот на вниманието и тоа поради расправии со управата, соиграчите и тренерот.

Многумина кажуваат дека за ова е крива неговата сопруга Ванда Нара која неодамна го нападна Спалети, но и соиграчите на Мауро, запрашувајќи се зошто нејзиниот сопруг не постигнува голови како порано.

После сцената која ја направи Ванда, челниците на клубот решија да му ја одземат капитенската лента на Икарди. Токму поради тоа тој одлучи да не патува со тимот на гостувањето во Виена правдајќи се дека е повреден.

Аргентинецот досега не се огласување по овој повод, но после вчерашниот натпревар реши да постави занимлив цитат на Инстаграм.

„Подобро е да се молчи правејќи се глуп, отколку да се проговори и да се отклонат сите сомнежи“, цитирајќи го американскиот писател Марк Твен.