Икарди ќе има интересна клаузула во договорот – гигантите „тријат раце“ од задоволство!?


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ванда Нара синоќа преку Твитер „најави“ дека напаѓачот на Интер, Мауро Икарди наскоро ќе потпише нов договор.

Аргентинецот постојано се поврзува со заминување од Интер, но и самиот кажа дека сака да остане на „Џузепе Меаца“.

Според новиот договор Икарди ќе добива седум милиони евра годишно за плата и ќе има договор до 2023 година.

Но, во договорот има и една интересна клаузула според која Икарди во лето би можел да го напушти тимот. Поточно, европските гиганти ќе може да го откупат за 115 милиони евра, кои ќе важат само за клубови надвор од Италија и тоа во период од први до 15 јули.