Иконата се врати: Маикон на својата 37. година најде нов клуб


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Последниот ангажман на легендарниот фудбалски дефанзивец Маикон беше во Аваи, кога го напушти овој клуб во декември минатата година и се чинеше дека тоа е крај на неговата кариера, меѓутоа љубовта спрема фудбалот е сеуште јака.

На своите 37 години тој одлучи да потпише нов договор со второлигашот Крисиума до крајот на 2019. година, а за овој клуб имаше прилика да игра и на почетокот од својата кариера.

„Маикон дојде кај нас“, воодушевено реше претсетседателот на клубот Дал Фара, додавајќи дека верува оти наскоро искусниот фудбалер ќе биде спремен да игра цели 90 минути.

Да потсетиме, Маико во Европа играше за Интер, Монако, Манчестер Сити и Рома. За репрезентацијата на Бразил одигра 76 натпревари и постигна 7 голови.