Имаме 22 учесници во групната фаза на Лигата на шампионите


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познати се шампионите во сите земји во Европа, а со самото тоа и клубовите кои директно изборија пласман во Лигата на шампионите.

Во групната фаза ЛШ засега се сигурни 22 екипи од Шпанија, Германија, Англија, Италија, Португалија, Франција, Русија, Украина, Белгија, Холандија, Турција и Швајцарија, додека останатите патот во најелитното клупско натпреварување ќе го бараат низ квалификации.

Од Шпанија Лига на шампионите осигураа Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, од Германија Баерн, Лајпциг и Борусија Дортмунд, а од Англија Челси, Тотенхем, Сити и Јунајтед како победник на Лига Европа.

Од Италија изборија Јувентус и Рома, а Португалија Бенфика и Порто.

Директен пласман во Лига на шампионите изборија уште француските тимови Монако и ПСЖ, рускиот Спартак, украинскиот Шахтјор, белгискиот Андерлехт, турскиот Бешикташ, холандскиот Фејенорд и швајцарскиот Базел.

Да потсетиме, финалето во ЛШ се игра во следната сабота во Кардиф, а силите ќе ги одмерат Реал Мадрид и Јувентус.