Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис изјави дека на листата за желби ова лето има дури 50 имиња.
Наполи ќе се бори со Рома за второто место оваа сезона, но за наредната веќе се кројат многу поголеми планови.
„Имаме листа со 50 фудбалери кои се потенцијални засилувања. Скаутите гледаат идеални играчи за нас. Имаме различни имиња на масата, веројатно некој ќе ги доведеме и испратиме на позајмица“
Де Лаурентис зборуваше и за оваа сезона каде што Наполи се бори за влез во ЛШ.
„Ќе се обидеме да дојдеме до второто место. Сепак, нема многу да жалиме и доколку бидеме трети. Првенството е многу непредвидливо и може да се случи навистина се“ -вели Де Лаурентис.
Наредното коло Наполи гостува во Торино кај истоимениот фудбалски клуб.