„Имаме 60% шанси да поминеме понатаму!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Јувентус владее голема претпазливост пред натпреварот против Барселона.

Јувентус во првиот натпревар победи со 3:0, но тимот на Алегри е свесен дека Барселона успеа против ПСЖ да направи неверојатен пресврт и знаат дека се е возможно.

„Имаме добри шанси да поминеме понатаму. Имаме квалитет да и направиме проблеми на Барселона, а ако дадеме гол, тогаш ½-финале е блиску. Колку ни се големи шансите? Па мислам дека 60%.“

Претходните денови многу се зборуваше дека Дибала ќе биде подготвен за овој натпревар. Тој се повреди против Пескара, но успеа да се врати и ќе биде во конкуренција.

Да потсетиме, натпреварот се игра од 20:45.