Им нема крај на проблемите за Реал: Нова повреда и отсуство, уште ова недостасуваше…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По елиминацијата од Купот на Кралевите и Лигата на шампионите, следеше и повреда на Винициус Јуниор, но тука не е крај на маките за Кралевите.

Денес е соопштено дека се повреди и Дани Карвахал кој ќе мора нешто подолго да биде надвор од теренот.

Шпанскиот репрезентативец го повреди колкот и на теренот нема да биде околу еден месец. Тоа значи дека ќе ги пропушти и првите средби во квалификациите за Европското првенство кои Шпанија ќе ги игра против Норвешка и Малта.

Карвахал беше разочаран по елиминацијата од Лигата на шампионите.

Кралскиот тим беше понижен од Ајакс на домашен терен и веќе во осминафиналето беше елиминиран, што навистина е тешко кога е во прашање ваков тим.

Освен тоа, Реал претходно остана без шанса за освојување на Купот на кралевите, а и Ла Лига исто така е изгубена.

„Сезоната е готова. Ова е сра*е година“, истакна Карвахал по мечот, па додаде:

„Мислам дека ова е мојата најлоша ноќ во кариерата, никогаш претходно не сум се чувствувал така лошо. Не можам тоа да го објаснам.. Во последната недела ги загубивме сите дуели на домашен терен. Нема објаснување. Противниците беа подобри од нас“.