Интензивни подготовки на Џошуа за натпреварот со Кличко

Ентони Џошуа поминува низ тежок тренинг камп во траење од 98 денови за да се подготви за натпреварот против Кличко.

Програм тренингот на Џошуа е неверојатен, а во текот на натпреварот на кариерата, тој ќе достигне некои неверојоатни бројки.

На него му треба многу енергија и кондиција за да издржи 12 рунди со Кличко, а за да ги издржи бруталните тренинзи, тој мора да конзумира 4500 калории дневно додека неговата вечера се содржи од пилешко месо, авокадо и многу други работи.

Ваквата прехрана не чуди, кога се знае дека во текот на 98 денови, тој претрчал 330 км, па со велосипед поминал 350 км  и имал 660 рунди или 1740 минути спаринг.