Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Јувентус во јануари нема да купува никој, но би можел да направи три трансфери во лето. Еден е блиску, а тоа е Пелегри, иднината на италијанскиот фудбал кој пристигнува од Џенова за десет милиони плус 20 во бонуси.
Од останатите засилувања, Јувентус го сака Емре Џан, трансферот треба да биде направен на 1 февруари, тој не сака да го продолжи договорот со Ливерпул, а веќе се договори со „Старата дама“.
Второто засилување е Дармијан од Јунајтед. Манчестер веќе одби да го испрати во Рома на позајмица, но Јувентус е подготвен да плати околу 25 милиони евра плус бонуси за него.
Јувентус исто така ги донесува Калдара и Спиначола, односно ги враќа своите играчи од позајмица, а ќе заминат и Алекс Сандро, Лихштајнер и Асамоа.