Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема шега со дисплинците на Серија А.
Ѕвездите на Интер Мауро Икарди и Иван Перишиќ добија по два натпревари суспензија после поразот на својот тим од Јувентус во Торино во неделата вечер.
Бјанконерите славеа благодарение на погодокот на Хуан Квадрадо во првото полувреме, а госите негодуваа бидејќи во финишот на мечот им е недосуден пенал.
Перишиќ е исклучен во судиското продолжение, па Серија А вчера соопшти дека го очекува суспензија од два натпревари поради како што се наведува „изразија непочитување“ кон судијата.
Исто така, и покрај фактот дека во текот не е исклучен, Икарди доби исто така суспензија поради навреда на сметка на судијата Рицоли.
Утврдено е и дека капитенот на Нероаѕурите „ја шутна топката во правец кон судијата, но не го погоди“, за што капитенот е казнет со дополнителни 10 000 евра.
Покрај нив, Хозе Каљехон од Наполи доби еден натпревар и казна од 10 000 евра поради исклучувањето на мечот со Болоља кога го шутна противникот Адам Наџи, додека преостанатите играчи кои се исклучени во минатото коло – Соса (Милан), Цезар (Киево), Крисетиг (Кротоне) и Месина (Болоља) добиле по по меч суспензија.