Интер во преговори со португалски репрезентативец


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Интер се во напредни преговори со Саутемптон за фудбалерот кој настапува на десната бековска позиција, Седрик Соареш.

„Скај Спортс“ пренесува дека португалскиот репрезентативец би пристигнал на „Меаца“ како позајмен фудбалер со право за перманентен откуп на неговиот договор.

Соареш беше круцијален во тимот на Саутемптон во претходниве неколку години, но по доаѓањето на Ралф Хазенхутл како да падна во втор план во однос на младиот Јан Валери.

Доколку Соареш пристигне во редовите на Нероазурите тоа ќе значи дека Симе Вршаљко веројатно ќе биде вратен во Атлетико Мадрид.