Интер во трка со времето – Банега побрзај, не чека Родригез


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Нероазурите мораат прво да продадат за да купат.

Интер е на сите страни во зимскиот преоден рок и се обидува да заврши неколку трансфер операции. Нероазурите се во завршни преговори со Севиља околу позајмицата на Стеван Јоветиќ, а следниот на листата за заминување е Евер Банега.

Интер чека на продажба на аргентинецот за да тргне по Рикардо Родригез од Волфсбург.

Познато е дека миланскот клуб има проблеми со финансискиот ферплеј и дури не расчисти место нема да може да доведува скапи засилувања. Со заминувањата на Јоветиќ и Банега ќе ги нема од списокот некои од фудбалерите со најголема заработка.

Банега има понуда од Кина, го сакаат Хебеј и Пекинг, а оштета би требало да изнесува помеѓу 25 и 30 милиони евра. Интер за него минатата зима плати 4 милиони евра и му даде плата од 3 милиони евра, продажбата на Банега ќе биде чиста добивка. Иако аргентинецот ја пронајде формата во последно време и се подобро соработува со Икарди изгледа дека на Интер му сметаат финансиските книги. Изгледа дека гаучосот се согласил на понудата од Кина.

А кога тоа ќе се случи, нероазурите ќе тргнат по Рикардо Родригез од Волфсбург. Неопходен им е лев бек и избор падна на швајцарецот кој Волфсбург сака да го продаде во склоп на големата реконструција во тимот. Родригез има откупна клаузула од 22 милиони евра и Интер би можел да го финансисра неговото доаѓање од продажбата на Банега.

Втората опција е го позајми Родригез и да го откупи на крајот на сезоната. Ако Банега не се согласи на трансфер, Интер ќе мора да се обиде со позајмица или да се насочи кон позајмица на Дармијан од Манчестер Јунајтед. Волфсбург не е расположен за позајмица на Родригез и сака веднаш да го продаде.