Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според италијанските медиуми, Интер договорил уште едно засилување за летниот преоден рок.
Станува збор за фудбалерот на Расинг, напаѓачот Лаутар Мартинез.
Постои вербален договор и покрај напорите на Рома и Реал Мадрид да интервенираат и да го сопрат овој трансфер на 20-годишниот напаѓач.
Интер му понуди 5-годишен договор кој е прифатен и ќе започне од јуни 2018 година.
Овој играч се претставува како голема ѕвезда на аргентинскиот фудбал, а во првенството постигна 4 голови на 6 натпревари, има и 2 асистенции.