Интер го обнови интересот за Лука Модриќ


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Газета дело Спорт“ пренесува дека од Интер го обновиле интересот за играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.

Хрватот кој ги собра сите индивидуални награди за изминатата година игра во лоша форма, па од Реал Мадрид се подготвени да го пуштат да си замине.

Модриќ беше поврзуван со трансфер на „Џузепе Меаца“ и во летниот преоден рок, но тогаш „Кралевите“ не се согласија да го продадат играчот.

Сепак сега работите се многу поинакви, па и Модриќ, а и раководството на Реал Мадрид се согласни да се реализира овој трансфер.