Интер договара мега-трампа: Ѕвезда на Јуве ќе го замени Икарди!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Мауро Икарди се соочува со тежок период во Интер, каде што ја загуби капитенската лента, па најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти тимот на „нераѕурите“ и ќе се пресели во Јувентус.

Пред неколку денови познатиот новинар Танкреди Палмери ексклузивно објави дека Интер го продал Аргентинецот на Јувентус, иако тие имале понуда и од Наполи.

„Ла Република“ денеска пишува дека Икарди ќе се пресели во Јувентус, но двете екип подготвуваат мега-трампа, во која Интер би требало да го добие Пауло Дибала.

Ако се реализира трансферот, Јувентус би добил страшен напаѓач, кој долго време го бара, па конечно би можел да им помогне во борбата за трофејот во Лигата на шампиони.

Од друга страна, Пауло Дибала ќе добие поголема слобода во Интер, отколку што ја има во Јувентус, па ваков трансфер на крајот на сезоната и би можел да се реализира.