Интер донесе неочекувано засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес од редовите на Интер потврдија дека меѓу нив ќе пристигне аргентинскиот интернационалец, Лисандро Лопез.

Лопез е член на Бенфика, а на „Меаца“ доаѓа на позајмица до 30 јуни 2018 година. Трансферот може да биде перманентен доколку двете страни бидат задоволни од соработката по истекот на позајмицата.

Лопез кој игра на позицијата стопер во европскиот фудбал пристигна во 2013 година кога потпиша за Бенфика. Истата година беше испратен на позајмица во Гетафе каде играше во 26 натпревари за шпанскиот клуб.

Оваа сезона Лисандро Лопез во дресот на Бенфика има запишано осум натпревари на кои постигнал и еден погодок.