Интер е поделен на кланови: Балканците му прават проблеми на Икарди!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер играше солидно во првиот дел од сезоната, па многумина помислија дека ќе обезбедат лесно место кое води во Лигата на шампиони, но потоа се случија проблемите со Мауро Икарди, откако му беше одземена капитенската лента и од тогаш повеќе не е исто на „Џузепе Меаца“.

Наводно, управата на Интер дознала дека Аргентинецот преговара со Јувентус, па поради тоа решило да го казни, иако постојат и други теории.

Икарди потоа одби да настапи, а откако испадна Интер од Лига Европа во двомечот против Ајнтрахт Франкфурт се појавија нови информации. Наводно, проблемите на Интер му ги создале Балканците.

„Ла Република“ објави приказна во која еден член на Интер, чие име не се открива, ја објаснил целата ситуација во Милано.

„Никој од нас не бараше да му биде одземена капитенската лента на Икарди. Тој беше нервозен поради тонот со кој Лучано Спалети ги критикуваше фудбалерите, па го прашал тренерот дали може малку да се смири. Сепак, соблекувалната во Милано е поделена на три кланови: Италијанци, Јужноамериканци и Балканци. Мауро е добар со сите, освен со Балканците, поточно Перишиќ, Брозовиќ и Хандановиќ, па тие заедно со Спалети му направиле проблеми“, објаснува неименуваниот член.

Италијанскиот медиум пишува дека директорот на Интер, Пјеро Аусилио е поврзан со Балканците и Спалети, па тие заедно решиле да се ослободат од Икарди, а одземањето на капитенската лента бил прв чекор кон тоа.