„Интер и Рома ќе ги сменат тренерите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот тренер Марчело Липи смета дека Рома и Интер ќе ги сменат тренерите.

Спалети сеуште не ја продолжил соработката со Рома, а договорот му завршува во лето. Во исто време Пиоли не се знае дали ќе остане во Милано, односно тимот на Интер.

Липи кој ја водеше репрезентацијата на Италија на СП 2006 година, зборуваше за овие клубови и тренери.

„Серија А е на добро ниво. И некои клубови од дното на табелата, како Кротоне, играат добар фудбал. Проблем е тоа што Јувентус е посилен од сите останати.“

„Мислам дека Интер повторно ќе го смени тренерот, а истото важи и за Рома. Тренерот на Сасуоло, Еусебио би можел да превземе некој добар тим.“